ХО “Ел хилал”
Училиштен прибор и патни билети за социјалните ученици
Хуманитарната организација “Ел хилал” и оваа година не заборави да ги помогне децата од социјално загрозените семејства. Акцијата за обезбедување училиштен прибор почна со апелот за солидарност, дистрибуиран до медиумите и сите ограноци на “Ел хилал”. Проектот траеше во текот на септември, а организацијата преку своите ограноци и хуманите поединци успеа да обезбеди 473 ученички чанти, 10.000 тетратки, 1.000 парчиња училиштен прибор, 6.000 книги, 67 ученички списанија, како и 122.000 денари за компензирање на патните трошоци за одреден број на ученици.
“Ел хилал” на Здружението на самохрани мајки му додели 30 ученички чанти, а во текот на октомври, го спроведуваше проектот “Стипендии за студенти”.
Г.Ш.
|