Прва детска амбасада во светот – Меѓаши
Втор детски конгрес против злоупотреба на детски труд и едукација
Од 4 до 8 септември, во Њу Делхи, Индија, Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, како национален координатор на Глобалниот марш против детски труд, учествуваше на Вториот светски детски конгрес против злоупотреба на детскиот труд и за едукација. На конгресот учествуваа Емилија Милевска, асистент на програма и Ивана Стојановска (14 години), дете делегат, претставници на Детската амбасада Меѓаши.
На конгресот присуствуваа повеќе од 200 деца од 30 земји од целиот свет, кои зборуваа за нивните ужасни искуства за злоупотреба во фабрики, рудници, порнографија, проституција и тероризам, за неубавите искуства на нивните врсници, како и за огромнота желба да им се помогне и да се најде решение за овој растечки проблем.
на овој Конгрес присуствуваа и претставници од агенции на Обединетите нации, владата и граѓанското општество во Њу делхи, кои ветија дека во иднина ќе се залагаат за елиминирање на било каква детска злоупотреба.
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, презентираа за состојбата во Македонија и доби поддршка за активностите кои ги презема против детската злоупотреба, како и понатамошна соработка со другите членки на оваа светска организација.
Г.Ш.
|