Европска куќа Скопје
Промоција на европските вредности во Македонија
Европска куќа Скопје е невладина организација основана во 1999 година, отворена за јавноста и за секој граѓанин кој придонесува за промоција на европските вредности во Македонија и за афирмирање на македонските вредности и култура надвор од земјава. Таа ја гледа Македонија како рамноправен член на Европската Унија и затоа нејзината мисија е промоција на европските вредности, унапредување и развој на цивилното општество, на демократските процеси на уредување, промоција на одржлив развој на локалните заедници и на нова култура на промена и справување со конфликти.
Европска куќа активно работи на артикулација и развој на вредностите на цивилното општество, на развој на одржливи НВО и локални заедници, на развој на отворен форум на граѓани и организации на локално, регионално и национално ниво, со цел водење дијалог, размена на информации, унапредување на меѓусебното разбирање, солидарност, соработка, комуникација итн. Нејзините активности се реализираат преку младински клуб, клуб на волонтери, форум за одржлив развој, за култура и уметност, еколошки форум, форум за политички прашања, за регионална соработка, за економски прашања, форум за етнички прашања.
Стратешка определба на Европска куќа во периодот 2004-2006 год. е евроинтеграцискиот процес на Македонија. Идејата на Европска куќа е преку серија работилници, кои ќе се одржат во претприемниот период, да собере искуства од новите полноправни членки на Европската Унија Секоја од работилниците што ќе стартуваат во ноември 2004 ќе разработува различни аспекти од претприемниот период, како што се: производство, економска структура, ”кноњ-хоњ”- работи, образовна структура, регионална соработка и развој, пазарна интеграција итн.
Од септември 2004 година Европска куќа ќе започне да го реализира и интернационалниот проект ”Европа во школо”, а годинава започнува со проектот ”Граѓаните за подобра локална самоуправа”, кој треба да даде придонес за процесот на децентрализација во Македонија.
Контакт: тел. 02/3062-805 европскаЖон.нет.мк
хттп://ехс.орг.мк
|