Регионален НВО саем - Струмица
-Информација за настан-
Фондацијата Институт отворено општество – Македонија (ФИООМ) и Центарот за поддршка на НВО-Струмица во име на членките на Граѓанската платформа на Македонија имаат чест да ве поканат да учествувате на Регионалниот НВО саем во Струмица.
Целта на овој настан е јавноста да се запознае со активностите на граѓанските организации, да се создаде простор за размена на искуства и да се зголеми регионалната соработка преку координација и вмрежување помеѓу здруженијата на граѓани. Регионалниот НВО саем ќе се одржи на 24 и 25 ноември 2006 година во Домот на АРМ во Струмица, а можат да учествуваат граѓанските организации од Република Македонија соседните земји.
Регионалниот НВО саем се состои од три компоненти:
- Форумски активности; - Изложбен дел; - Социо-културни настани.
1. ФОРУМСКИ АКТИВНОСТИ
Форумскиот дел ќе се состои од шест јавни дебати (пр: панели, тркалезни маси и сл.), каде ќе бидат дискутирани повеќе прашања, од кои клучна тема ќе биде прекуграничната соработка. За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации, најдоцна до 15 ноември 2006 година да пријават тема за дискусија.
Формуларот за пријавување на теми може да се добие по електорнска пошта, или на веб сајтот: www.nvocentri.org.mk.
2. ИЗЛОЖБЕН ДЕЛ
Регионалниот НВО саем овозможува претставување на учесниците преку изложбен простор (штандови). Основниот изложбен простор за презентација изнесува 4 м2.
Партиципацијата за закуп на штанд е 500 денари.
3. СОЦИО-КУЛТУРНИ НАСТАНИ
За време на Регионалниот НВО саем ќе бидат организирани пет социо-културни настани кои ќе бидат базирани на сопствената креативност на граѓанските организации и ќе значат промоција на културното наследство и вредности.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето за Регионалниот НВО саем е до 15 ноември 2006 година, во Центарот за поддршка на НВО на адресата: ул. Братство единство број 29, П.фах 192, Струмица.
Пријавa за учесто на саемот (зип документ)
Лица за контакт се Митко Николов и Ристо Стеванов, тел. 034 326 832 (во периодот од 10 до 18 часот, секој работен ден), факс 034/326-831.
Влезот на Регионалниот НВО саем за учесниците е бесплатен.
|