Прва детска амбасада во светот „Меѓаши“
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Денес (23 април 2007 година) започнува светската глобална недела за вклучување на децата во образованието. Во Македонија глобалната недела ќе се одвива во рамките на кампањата ,,Придружете се! Право на образование СЕГА”. Кампањата ја спроведува Првата детска амбасада на светот „Меѓаши“. Целта на Глобалната неделата е да ги алармира светските влади за алармантната состојба со исклученоста на децата од системот на образование. Во Република Македонија надвор од училиштата се над 18.000 деца.
Учениците од Македонија ќе им се придружат на децата од целиот свет со формирање на „Ланец“ односно држејќи се за раце во солидарност со децата на кои им е ускратено правото на образование! „Меѓаши“ ги повикуваат сите училишта да се придружат на 27 април во 12 часот да го направат најголемиот ланец.
Прес соопштение
|
|