Сојуз на организации на жени на Република Македонија
      

СОВЛАДУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ВО СОРАБОТКА НА НВО И ИНСТИТУЦИИТЕ НА СИСТЕМОТ
 
 

Главно мерило на сиромаштијата е процентот на лица/ домаќинства кај кои нивото на потрошувачка е пониско од 60 проценти од националниот про­сек.

Причина за сериозна загриженост е фактот што податоците по­ка­жу­ваат зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста во последниве го­ди­ни. Процентот на лицата под линијата на сиромаштијата се зголеми од 19% во 1997 год. на 22,7% во 2001 год., а последните проценки укажуваат на процент од приближно 25% во 2003 год. Џини коефициентот, кој го од­ра­зува степенот на нееднаквост на доходот, се зголеми од 31,6% во 1997 год. на 36% во 2000 год. Иако Република Македонија одржува релативна ма­кроекономска стабислност од 1996 год., ситуацијата со сиромаштијата се­како беше под негативно влијание од бегалската криза во 1999 год. и гра­­ѓанските немири во 2001 год. 

 
Вработеноста во периодот на транзиција (од 1990 год.) се соочи со еко­но­м­ски пад, особено во почетокот на деведесеттите. Индексот на вра­бо­те­но­с­та се намали од 100 во 1990 год. на 88 во 1995 год., и започна нагло да се зго­­лемува на 96 во 1998 год. Оттогаш вработеноста повторно не­зна­чи­тел­но се намали. Шемата на вработеноста не го следи конзистентно трендот на БДП. Стапката на вработеноста е само околу 40% (во 2002 год.). 

 
Преструктуирањето на претпријатијата бавно се одвиваше во текот на пе­рио­дот на транзиција. Тенденцијта да се избегнува да се отпушта ра­бот­на­та сила, се додека фирмите не отидат под стечај, доведува до намалени ша­нси за нови учесници да влезат во работната сила.

 
Проценките на навработеноста покажуваат дека невработеноста е висока во Република Македонија. Анкетата на работната сила (АРС) за 2002 год. по­кажува стапка на невработеност од 31,9% (32,4% доколку се исклучат ли­цата на возраст од 65 и повеќе години). Невработеноста е нешто по­ви­со­ка кај жените (32,3% во 2002 год.) за разлика од кај мажите (31,7%). Над 20 000 работници се сеуште во процес на губење на својата работа преку пла­нираната ликвидација на големите претпријатија загубари. Во опа­с­но­ст се уште работни места за работниците во 500 средни приватизирани пре­тпријатија, кои се загубари. Оттука, не­вработеноста се чини дека во го­лем дел е структурна. Општо гледано, ак­тивните политики на пазарот на работна сила се од ограничена ре­ле­ван­т­ност за зголемувањето на вра­бо­теноста во услови на висока структурна не­вработеност и мал број на сло­­бодни работни места.

 
Постои значителна разлика меѓу регистрираната вработеност (во бироата за вработување) и вработеноста која е регистрирана во анкетите за ра­бот­на сила. Постоењето на значителен степен на нерегистрирана вра­бо­те­но­ст покажува дека приоритет на политиките треба да биде намалување на ре­гулаторните бариери за формално вработување.

 
Значајна карактеристика на пазарот на работна сила е склонста на мла­ди­те луѓе да мигрираат надвор од Македонија. Неодамнешна студија на Ев­ро­­пската фондација за обука за невработеноста кај малдите во регионот по­кажа дека “Во периодот од 1990 о 1998 год. повеќе од 17 000 лица за­ми­на­ле од Р. Македонија, 70% од нив биле на возраст меѓу 18 и 30 години, од кои 53% имале диплома за завршено средно или повисоко образование. Спо­ред податоците од Пописот во 1994 год., над 8% од населението и 10% од работната сила, работеле и живееле надвор од Македонија. 

 
Важно е активната програма за намалување на сиромаштијата и не­вра­бо­те­носта да биде водена од реални конкретни таргети. Подолгорочните це­ли би требало да вклучат таргети насочени кон намалување на делот на на­селението кое живее под линијата на сиромаштијата. Таргетите можат да се формулираат и за намалување на сиромаштијата на конкретни групи на население. До­полни­тел­ни­те мерки за сиромаштијата понекогаш го вк­лу­чуваат степенот на пристап до социјални услуги и сопственост на ос­но­в­ни добра за прифатливо ниво на живот. Таргетите понатаму би можеле да би­дат формулирани за уче­ст­во­то на работната сила и неврабоеноста, кои мо­жат да се специфицираат по пол, возраст или степен на образование.

 
Спроведувањето на конкретните мерки на политиката за намалување на си­ромаштијата и невработеноста од страна на институциите на системот мо­же и потребно е да биде во координација и соработка со здруженијата на граѓани. Граѓанските организации, како иницијативи од страна на гра­ѓа­ните на Република Македонија, можат да дадат насоки за таргетирање на одредени мерки на економската политика на краток и долг рок. Ра­бо­та­та на граѓанските организации може во многу нешта да помогне во по­до­брување на животниот стандард и работниот статус на граѓаните.

 
Сојузот на организации на жени на Република Македонија- СОЖМ, во ра­м­ките на програмската шема на работа ја има вклучено и Програмата за еко­­номско јакнење на жената. Програма за економско јакнење на жените е одраз на согледувањата, истражувањата и практиката за неповолната ек­о­­номска положба на жените во Република Македонија. Програмата е на­сочена кон јакнење на свеста на жените за нивниот економски статус и жи­вотен стандард; насочување на нивните способности, квалитети и знае­ња за активно вработување и вклучување на пазарот на работна сила; про­мовирање на претприемништвото меѓу жените; укажување и на­со­чу­ва­ње кон можностите за самовработување и отварање на мали и средни бизниси.

 
Во рамките на Програмата за економско јакнење на жените вклучен е и Би­з­нис Тренинг Центарот за Жени, чија мисија е насочена кон ох­ра­б­ру­ва­ње на жените за преземање на бизнис акции; воведување и претставување на родовата перспектива во економските текови и појави; и  запознавање и поставување на базичниот бизнис план за започнување и опстојување на жи­вотниот циклус на еден економски субјект. 

 
Сојузот на организации на жени на Република Македонија активно ра­бо­ти низ тренинзи и обуки на подигање на свеста за економско јакнење на же­ната и нејзина вклученост и важност во економските текови и појави. Но, особено е важна заедничката работа на граѓанските организации со ин­ституциите на системот во процесот на асоцирање, стабилизирање и при­стапување кон Европската Унија- ЕУ, и тоа на полето на политиката за вработување и пристап до слободните работни места, родово сен­зи­би­ли­зиран буџет и јаз во наплатените наемнини, социјална политика и си­гу­р­но­ст и застапување и лобирање од страна на граѓанските организации.

 

 

 

 

Гордана Тренкоска

Сојуз на организации на жени

на Република Македонија