ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО

„Малиот голем човек”

На Здружението за заштита на правата на детето го промовира Центарот за детска правда што ќе го носи името „Малиот голем човек”. Центарот има за цел да помогне во заштитата на правата на детето и да овозможи бесплатна социјална и правна заштита.

Според зборовите на претседателот на Здружението, проф. Владимир Ортаковски, проектот е резултат на соработката на Здружението со Меѓународната организација за заштита на правата на детето (ДЦИ) со седиште во Женева. Проектот ќе трае три години, а поддржан е од владата на Кралството Холандија, која освен македонскиот, поддржува основање на уште седум центри во различни држави во светот.

„’Малиот голем човек’ ќе биде комплементарна активност на активностите на државните институции” - беше кажано на прес-конференцијата на која се промовира овој центар. Тој не претендира да ја преземе работата на државните институции, туку да ја дополни.

Просториите на „Малиот голем човек” се наоѓаат на ул. „Ленинова” бр.29/3/3, Скопје, а телефонските броеви на кои можат да се добијат или да се дадат информации се: 02/226-767 и 02/132-206. Бројот на факсот е: 02/226-767, а е-маил адресата на која можете да контактирате е: zpd@unet.com.mk.

Г.Ј.