ЏУНЏУЛЕ

Шал-бал 2003

Центарот за детско умет­ничко изразување, му­зикотерапија и психо-фи­зичка релаксација “Џун­џуле” издаде ЦД и бро­шура на кои се прет­ста­вени 11 музички творби кои учествуваа на Фестивалот на деца-автори “Шал-бал 2003”. Спонзор на фестивалот, како и на двете изданија, е Фондацијата “Мобимак”, а поддршка дадоа и уште неколку бизнис-субјекти (“Оливети”, “Јамаха - До ре ми”, “Усје”, “Унипрес”, ДГ “Тим”, “Европа 92”, “Имиџ +”, Фото “Бимбо Милениум”, хотел “Панорама” - Скопје, “Про - Агенс” и скоп­ската општина Центар). 

 Фестивалот на деца-автори е прв проект од овој вид во Македонија, а ќе бидат направени напори тој да прерасне во традиционална манифестација.