„Којничи средби 2003“
Спој на традиција, култура и деловни односи
 Од петти до седми ноември, во Велес, традиционално се одржа 5-тата меѓународна деловно-културна манифестација “Којнички средби 2003”. Таа содржеше културни настани, трибини, изложби, но и саем на мали и средни претпријатија од областа на традиционалната економија. На саемот се претставија фирми и поединци што се занимаваат исклучиво со рачна изработка на производи. |  |
Детски театарски центар
Прашање на агол на гледањеДетскиот театарски центар од Скопје во ноември одржа интеркултурна театарска работилница под наслов “Прашање на агол на гледање”. На оваа работилница, која ДТЦ ја организира во соработка со Француско-германската канцеларија за млади - ОФАЈ и со организацијата “Луѓе и култура”, учествуваа млади актери од Македонија, Германија и Франција. Тие, всушност, под раководство и во режија на г. Владимир Милчин, за неполна недела создадоа театарска претстава која на 8 ноември беше презентирана пред публика, во Младинскиот културен центар во Скопје.
|  |
|