Едукативна сесија

Тема: Социјален капитал

Датум: 20.11.2003   Час: 16:00-17:30
Сала Г

Презентер: Лилјана Алчева Јовановска, МЦМС

Социјалниот капитал се поистоветува со финансискиот капитал. Тоа е релативно  нов термин меѓу граѓанските органзиации што се базира на премисата дека еден човек е побогат колку повеќе луѓе познава,  колку повеќе релации негува, колку е помала густината на неговата мрежа. Истото важи и за организациите.

Во последно време, кај граѓанските организации е се поизразена  потребата од инвестирање во социјалниот капитал. Оваа потреба е резултат на.од една страна  се поограничените ресурси (човеки, материјални, финансиски)а од друга старана зголеменото барање на услугите и продуктите на здруженијата. Здруженијата денес преземаат комплексни активности за надминување на состојбите во општеството, (пр. борба против корупцијата, олеснување на положбата на лицата со хендикеп, законски измени и сл) што бара поширока акција и со тоа мобилизирање на повеќе различни ресурси. Преку содржината на оваа сесија ќе се истакне значењето на социјалниот капитал за развојот на организацијата.

Организатор: Македонски центар за меѓународна соработка