МЦМС во месец јули организира обука:
Раководење со програма
Македонскиот центар за меѓународна соработка е организација на граѓанското општество што работи во областа на одржливиот развој, градењето на свеста и социјално – хуманитарната помош.
Трансферот на знаења и вештини преку обука и консултаци е основна компонента во сите програми на МЦМС уште од неговото формирање во 1993 година.
Во програмата Градење на капацитетите на граѓанските организации МЦМС организира курс: Раководење со програма. Oбуката ќе се одржи во Крушево од 5 до 10 јули, 2004 година.
Услови
- Патните трошоци од местото на живеење до местото на одржување на курсот се на сметка на учеснците.
- Цената на курсот изнесува 20.0000,00 илјади денари (вклучено котизација, материјали и сместување и храна во х. Монтана),
- Членовите на граѓанските организации во Р. Македонија можат да конкурираат за покривање на 90% од цената на курсот од страна на МЦМС, односно да партиципираат со 2.000 денари.
Содржина на курсот
Цели на курсот:
- Проширување и унапредување на знаењето на раководителот за да може успешно да се справува со задачите и одговорностите во раководењето со програма.
- Стекнување на практични знаења и вештини за раководење со човечките ресурси.
По завршувањето на курсот Раководење со програма учесниците ќе стекнат знаења , вештини и ставови за:
- примена на алатките за стратешко планирање и планирање насочено кон целите (дијаграм на цели и дијаграм на проблеми, логичка рамка, ИОМ, SWOT анализа);
- процес на изработка на програма;
- основи за планирање и следење на ресурси и буџет;
- основните начела во раководењето со човечките ресурси;
Профил на учесници: Обуката е наменета за раководители или координатори на проекти и програми, како и лица кои наскоро очекуваат да дојдат на таа позиција.
Пријавување:
Обрасците за пријавување можат да се добијат во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка , или на веб-sajtot www.graganskisvet.org.mk,
Краен рок за пријавување е 28.06.2004 година.
Избраните кандидати ке бидат известени по телефон.
Лица за контакт: Кренар Кука, kkk@mcms.org.mk Тел: 02 3065 381 |