ДЕМ И ПРОНАТУРА
Поддршка на органското земјоделство
Движењето на екологистите на Македонија и швајцарската организација Пронатура објавија лифлет кој се однесува на проектот за локални иницијативи за поддршка на органското земјоделство во Македонија.
Проектот, кој се реализира со финансиска помош на Швајцарската агенција за развој и соработка, се одвива преку регионални канцеларии што функционираат преку еколошките друштва: ЕД “Кладенец” во Пехчево, ЕД “Изгрев” во Свети Николе, ЕД “Вила зора” во Велес, ЕД “Одек” во Кавадарци, ЕД “Озон” во Струмица и Централната проектна канцеларија во Скопје.
|
|