Разговор со Федор Черне од владата на Република Словенија за улогата на невладиниот сектор во евроинтеграциите 

Невладин сектор како едукатор на граѓаните
 
 Федор Черне кој во владата на Словенија е во делот задолжен за евроинтеграциите беше еден од учесниците на презентацијата за членството на Словенија во ЕУ како фактор за јакнење на граѓанските организации. 
 
Која беше улогата на невладиниот сектор во Словенија за време на аплицирањето на Вашата земја за членство  во ЕУ и подоцна кога Словенија стана  земја кандидат ?
Морам да нагласам дека невладините организации беа дел од преговорите за членство на Словенија во Европска Унија. Тоа значи е фактографси податок, затоа што преговорите се техничка работа. Она што сметам за многу позначајно е тоа што невладините организации придонесоа многу на две полиња. Прво невладините организации одлично ја следеа и имаа одлични познавања од областа на европската легислативе и нејзиното имплементирање во Словенија. Имплементацијата бараше многу промени и при имплементирањето на новите законски одредби соработката со граѓанскиот сектор беше од особена важност. Граѓанскиот сектор на моменти беше и евроскептичен во една позитивна смисла. Што мислам со тоа? Добро е да се укаже и на некои неправилности и како да се надмине тоа, добро е да се совладаат и некои стравови….
Какви стравови имаа граѓаните на Словенија во однос на влегувањето во Европска Унија?
Стравовите беа за и околу економските прашања, можеби и околу националниот идентитет, но тука уште еднаш голема улога одигра граѓанскиот сектор со одржување на многубројните форуми на кои граѓаните поставуваа прашања во врска со своите стравови. Тие форуми допринесоа во многу да се разбијат одредени фами и стравови.   
 Која е улогата на граѓанскиот сектор сега кога Словенија е веќе членка на ЕУ?
Тие и понатаму се многу активни, дел се од владата на Словенија, нивната активност никако не престана со влегувањето на Словенија во ЕУ. Напротив, таа доби едни нови димензии. Сега нашите граѓански организации имаат пристап кон грантови за кои порано не можеа да конкурираат, соработуваат со граѓански асоцијации од други европски земји, така што  поле на нивното дејствување се прошири.