МЦМС
Храна и хигиенски пакети за бегалците
Во текот на јули, МЦМС обезбеди во неколку наврати хуманитарна помош за бегалците од кризните подрачја во Македонија. На шести јули, во одмаралиштето во Чичино село, каде се сместне бегалци од Радуша, беше донирана помош во храна за подготвување топли оброци, како и производи за хигиена и детски пакети. Истиот ден, помош е донирана и во Куманово, во двата колективни центри каде се сместени бегалците од кумановските села Матејче и Опае (центрите се сместени во хотелите "Кристал" и "Куба"). Со овие две донации, бегалците се снабдени со храна и хигиенски производи за 20-30 дена. Покрај ова, направени се и посети на селата во кумановски - Љубодраг, Умин Дол и Ново Село, но од мештаните е изразена благодарност за посетата и интересирањето, а притоа изјавиле дека помош од овој вид не им е потребна, бидејќи е отворен патот до Куманово.
|