Најава:
Кампања „Слобода наместо страв“
11 октомври, 2008 г. - Меѓународен ден на дејствување за демократија, слободен говор, човекови права, граѓански слободи; против цензура, масовен надзор, масовно задржување на податоци.

Меѓународниот ден на дејствување „Слобода наместо страв“ ќе се одбележи во сите европски главни градови и градови од целиот свет, како протест против целосното задржување на телекомуникациските податоци и против другите инструменти за надзор.
Сакаме да се потсетиме на историското достигнување на граѓанските права и слободите како наследство од Периодот на просветителството и да ја зајакнеме довербата во безбедноста на нашето слободно општество.
Македонија се придружува на оваа меѓународна акција преку активности кои ќе се одржат во Скопје на 10 и 11 октомври;
Акцијата ќе се организира во центарот на главниот град од страна на Фондацијата Метаморфозис, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Форумот на студенти на европско новинарство, Фондацијата Институт Отворено Општество - Македонија, Европското здружение на студенти по право во Македонија, Младинскиот Образовен Форум, Македонскиот центар за европско образование и Интернет хотлајн провајдерот Македонија. |