Национален совет за евроинтеграции
Александар Кржаловски претставник на ГПМ
Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) преку својот претставник Александар Кржаловски е дел од Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ).
Претседателката (НСЕИ), Радмила Шеќеринска, беше иницијаторот Граѓанската платформа на Македонија (ГПМ) да номинира свој претставник во ова тело. На првата седница на НСЕИ, одржана на 31 јануари 2008 година, уште еднаш била потенцирана потребата од активно учество на граѓанскиот сектор во евроинтеграциските процеси. Учеството на граѓанскиот сектор е предвидено во Деловникот и особено во Планот за работа. Тоа било истакнато како потреба и поздравено од речиси сите дискутанти, а особено од Претседателот на НСЕИ. ГПМ е поканета за поактивно вклучување, осмислување на соработката и придонесот во НСЕИ, што треба да се операционализира во наредниот период.
Г.Ј.
|
|