Проект на АМОС од Битола

Одам да гласам за првпат

Центарот за човекови права АМОС Битола го реализира проектот „Одам да гласам за првпат”, кој делумно е поддржан Демократската комисија за мали грантови при Амбасадата на САД во Скопје. Неговата основна цел е информирање, мотивирање и едуцирање на младите  кои на годинешните парламентарни избори ќе имаат можност за првпат да излезат на гласање и да го дадат својот глас. Со проектот директно се опфатени повеќе од 200 млади на возраст од 18 или 19 години од Битола, од Ресен, од Демир Хисар, од Прилеп и од Крушево. Активностите што се спроведуваат се дизајнирани како работилници со симулации на процесот на гласање, а тимот на АМОС за таа намена подготвил  брошури со потребните информации, постер и маички со лого, што ќе ги добијат сите учесници. Младите кои не ќе имаат можност директно да учествуваат на работилниците, ќе можат потребните информации да ги добијат  на страницата на АМОС: www.amos.org.mk