Дебар

Отворен едукативно-образовен центар на Ромите

Со скромна свеченост, на 18 март во Дебар беше отворен првиот едукативно-образовен и информативен центар за младите Роми, со помош на општинската и на Републичката организација на Црвениот крст.

Центарот го носи името „Вакоф” според истоимената населба во градот, каде што главно се сконцентрирани дебарските Роми. Беше најавено дека веднаш со обука за компјутери ќе почнат 20 млади Роми, додека други дваесет ќе почнат курс за молерофарбари и заварувачи, по што ќе добијат соодветен сертификат. Освен обуки и курсеви, се планира одржување работилници на разни теми кои ја мачат ромската популација, но клубот ќе послужи и за соодветно минување на слободното време на младите Роми, бидејќи е опремен со компјутери, телевизор и други апарати.

МИА