“Месечина” славеше со младите Роми од Дебар

Свечено одбележан Денот на Ромите
 

Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите “Месечина” од Гостивар, огранок Дебар, на 4 април годинава, во Дебар, спроведе активности за одбележување на Светскиот ден на Ромите, 8 Април.

Централната све­ченост се одржа во ОУ “Братство и единство” во Дебар, на која присуствуваа и родителите и 57-те ученици Роми од училиштето, Беа изведени две театарски претстави од уче­ниците Роми под наслов “Демократија – што е тоа?”, (на македонски и на албански јазик) и “Хигиена”.

Настапија и учениците од I до IV одделение и деца од предшколска возраст, со рецитали и стихозбирки. Во рамките на програмата беше реализиран и квизот “И ние знаеме и учиме како другите неромски деца”, групата за фолклор изведе неколку ора со ромски носии и обичаи, а беше отворена и ученичка ликовна изложба. Реализирањето на активностите по повод Светскиот ден на Ромите беше помогнато од програмата “Применето образование за младите Роми” на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Д.М.