Подобрување на општествениот статус на жените Ромки во Албанија
Напредок преку образование и стекнување претприемнички вештини
Во областа Корча во Албанија е во тек реализација на проект за подобрување на општествениот статус на жените Ромки преку процесот на образование и активностите за генерирање приходи. Целта на неговото реализирање е подобрување на образованието на Ромките, подигнување на нивната свест и обука за стекнување претприемнички вештини. Главните проблеми на ромската заедница се високиот степен на невработеност, неадекватните домови и неисхранетоста, како и недостатокот од здравствена грижа и низок степен на образование.
Во контекст на овој проект, Албанската фондација за граѓанско општество - АЦСФ ги реализира следниве активности:
- Тркалезни маси со претставници од ромските непрофитни организации (НПО), со локалната власт и останатите НПО, кои дејствуваат на тоа поле, со цел да се идентификуваат проблемите на ромската заедница и да се дискутира за можностите за соработка и заедничка помош што ќе доведе до намалување на постоечките проблеми; - Неформални средби со жени Ромки на кои се разговара за нивните потреби, за економската ситуација, за нивните семејства; - 50 жени пополниле прашалници за состојбата со нивните домаќинства и домови, со образованието на нивните деца, со економската ситуација и со нивните потреби од обука за започнување мали бизниси; - Врз база на прашалниците и истражувањето е избрана група од 25 жени на кои им е испорачана обука за претприемништво со мали бизниси; - За време на обуките со жените организирани со цел да се поттикне и обнови традицијата на рачни изработки во ромската заедница, како што е традицијата на плетење сламени производи, но и за подобрување на нивниот општествен статус преку активности за генерирање приходи, се идентификувани 20 жени кои поседуваат вештини за рачна изработка. На ромски бизнисмен му е даден кредит со камата од 3% за изработка на најразлични кошници, под услов на почетокот да вработи 20 жени, а потоа да продолжи да вработува и други. Во Тирана е отворена и изложба на неговите производи, која траела една недела и која ја виделе голем број бизнисмени и останати граѓани.
|