Да ја презентираме нашата традиција и култура

Турците од Македонија за себе

Турска и решеди алва, маџун, кус-кус, бовчаџик/баница и други специјалитети на турската традиционална кујна им беа понудени на гостите на манифестацијата наречена “Да ја презентираме нашата традиција и култура” што се одржа на 8 октомври 2004 година во Штип. Оваа вечер е дел од истоимениот проект што го спроведува Здружението “ЕМ” (Здружение за целосен развој и еманципација на Турците од источниот дел на РМ) со поддршка од Министерството за култура и деловниот сектор од Штип.

Во текот на вечерта беа презентирани и традиционалните турски инструменти (саз, кавал, шупелка, дајре и друго), а беше направена и презентација на турски носии, машки и женски, од лакавичкиот и плачковичкиот регион кои потоа беа подарени на КУД “Караџа Оглан” од с. Конче.

Учениците од селата од лакавичкиот и плачковичкиот регион изведоа рецитал, а посебно живописен беше настапот на Културно-уметничкото друштво “Караџа Оглан” - с. Конче.

Меѓу 50-те гости беа и прет­ставници на збратимениот град Измир, Турција, прет­ставници на Ам­ба­са­дата на Ре­пуб­­ли­ка Турција во РМ, како и претставници на државните институции, локалната самоу­­права и граѓанските организа­ции.