ТЕМПЛУМ

Културен идентитет - разлика во себе

Издавачката куќа Темплум ја издаде книгата "Културен идентитет - разлика во себе", во која се претставени текстови на деветмина автори од Балканот. Тие се обидуваат, секој на свој начин, да одговорат на повеќе прашања, како на пример: Во каков однос стојат културниот и националниот идентитет? Дали културниот идентитет со себе повлекува и културни права? Дали идентитетот е фиксирана или менлива категорија? Дали Југоисточна Европа е постоечки или конструиран регион?

Книгата, секако, нуди провокативни теми и претставува интересно четиво за нашата современост. Издавањето на книгата го овозможи Министерството за култура.