ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Метаморфозис/Македонски центар за меѓународна соработка
Тема: Предизвиците на информатичкото општество – улогата на невладините организации
Категорија: Панел Датум: 20.11.2003 Час: 18:00 – 19:30 Сала: Б Воведничари: Слободан Марковќ, Центар за развој на интернетот– Белград, Србија и Црна Гора, Јован Петров, МаНГО, Филип Стојановски, Македонски центар за меѓународна соработка, Анис Кхан, Можности, м-р Огнен Фирфов, Извршен директор - МТНет
Претседавач: Бардил Јашари, Фондација Институт Отворено Општество – Македонија
Краток опис на темата: Економскиот и социјален развој не може да се реализира без постоење свесност за предностите на ИКТ. Потребната евтина и сеопфатна поврзаност нема да се постигне без поддршка на домашните и странските инвестиции од законските рамки и политики. А без поврзаност, тешко е да се зборува за демократски пристап. НВО се во единствена положба да служат како главни регистратори на напредокот на нашето информатичко општество. Резултатот од ваквата улога може да биде користен како главен репер за мониторинг и евалуација на напредокот на општеството. Целта на панелот е да ги поттикнат здруженијата на граѓани повеќе да се ангажираат при креирањето на свеста, сензибилизацијата, мобилизацијата и партиципацијата во активности поврзани за развојот на ИКТ политика.
|