Кампања на РГПЛИ

Гласај за природата!

Под мотото “Гласај за природата”, Работната група за позеленување на локалните избори (РГПЛИ) спро­ве­ду­ва јавна и непартиска кампања за време на локал­ни­те избори со цел да ги актуелизира прио­ри­тет­­ни­те пра­шања од животната средина значајни за ло­кал­ни­те заедници. Според координаторот на РГПЛИ, Мето­ди­ја Саздовски, потребата за кампањата се јавува како резултат на процесот на децентрализација, преку кој голем дел од надлеж­нос­т­ите за заштита и унапредување на животната средина се пренесува на локалните самоуправи.  

Целта на на РГПЛИ е да ги информира гласачите за зголемените надлежности на локалните власти во областа на животната средина, како и нивно мотивирање да започнат со поттикнување де­­бата за еколошките прашања за време на кампањата и после­до­вателно да го продолжат процесот во кој ќе влијаат кај локалните по­литичари за остварување на претходно ветеното. Исто така, ќе се залагаат за мотивирање на кандидатите за градоначалници и советници прашањата од животната средина да бидат повеќе зас­та­пени во нивната политичка агенда. Долгорочната цел на РГПЛИ е насочена кон промовирање на конкретните демократски алатки со кои граѓаните поактивно ќе учествуваат во процесот на демо­кра­тско носење одлуки.

Кампањата за позеленување на локалните избори, финансиски поддр­жана од холандската фондација Милиеуконтакт оост Еу­ро­па, се одвива на локално и на национално ниво. На локално ниво се вклучени партнерските организации Еко-свест и Проектива од Ско­пје, Биосфера од Битола, И.П.О Крсте Јон/Зелен центар од Стру­га, ЕД Планетум од Струмица, ЕД Брица од Берово и ЕД Кладенец од Пехчево. Тие преку конкретни активности на теренот ќе дејствуваат во своите општини. На национално ниво РГПЛИ ќе ја игра улогата на координатор на сите локални кампањи и ќе овоз­можи медиумска и логистичка поддршка на истите. 

За сите активности поврзани со кампањата за позеленување на локалните избори можете да се информирате на:

њњњ.зелени.орг.мк,  или по пат на  е-маил: зелениЖзелени.орг.мк

 С.Т.