Непал
Руралните заедници ја контролираат ситуацијата
Мин Бахадур Магар, 48-годишен земјоделец во далечната област Рамехап во источен Непал, со години мора да да позајмува пари од локалниот лихвар, плаќајќи 50 % камата за да врзе крај со крај. Денес неговиот живот е радикално променет. Со обуката и парите од страна на Фондот за олеснување на сиромаштијата (ФОС), финансиран од Светската банка, Магар започна бизнис со зеленчуци. Сега тој заработува речиси 100 американски долари месечно од продажбата на зеленчукот. Сузан Голдмарк, директор на Светската банка за Непал, изјави дека е важно за сиромашните луѓе, особено во руралните области, да почувствуваат дека нивните животи се подобруваат на конкретен начин.
|
|