Коментар
Пролет, но дали навистина се се буди?ојде и оваа пролет и 21 март веќе по традиција во поголем дел од земјава се одбележа со садење дрвца, со чистење на зелените површини, со изложби на детски цртежи, со делење награди за проекти од областа на животната средина, со предавања во училиштата и др. Со години наназад, овие денови се исполнети со стереотипни и очекувани активности во чиј центар се младите и најмладите, а во редот на возрасните се вбројуваат наставниците , градоначалниците, по некој министер и, се разбира, претседателот на државата. |  |
Ќе се верифицира образованието на возрасните
Граѓаните ќе се квалификуваат според потребите на работодавцитеКонкретни критериуми за работа, помош од државата и признавање на дејноста на работничките универзитети и вечерните училишта за возрасните што не завршиле образование и што сакаат да се преквалификуваат е предвидено да се постигне со законот за образование на возрасните. Регулативата треба да влезе во владина процедура во април. Но, вработените во работничките универзитети се сомневаат дека законот ќе „помине” со образложение дека и досега се правеле обиди да се уредат работите во таа сфера, но безуспешно. |  |
Како ќе се одразат последните даночни измени на работењето на граѓанските организации
Измени во законот за персонален данок на доход IIIВо последните месеци од 2006 година Владата на РМ покрена низа промени во таканареченото даночно законодавство. Како последица на тоа битно ќе се измени опкружувањето и условите за работа на стопанските субјекти и на граѓанските организации. Поради тоа, Граѓански свет, во следните неколку броја ќе ги објасни измените во постојните закони за Данок од добивка, Данок на додадена вредност и Законот за персонален данок од доход заедно со почетокот на примена на Данокот за донации и спонзорства и воведувањето на тнр. рамен данок. |  |
Концепти
Одговорност за општествените прашањаГраѓански свет во бројот 64 ја започна презентацијата на делови од публикацијата Довербата, одговорноста за општествените прашања и добротворството во Македонија што ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка. Публикацијата е всушност извештај направен на основа две анкети и резултатите од четири фокус групи. Анкетите и фокус групите ги спроведе Институтот за социолошки и политичко правни истражувања. Публикацијата во пдф формат е достапна на www.mcms.org.mk. |  |
Проф. д-р Милева-Ѓуровска, Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје
Женската работна сила е слабо синдикално организиранаВо фокусот на вашиот интерес како професор по социологија на трудот е и женскиот труд. На работилница, организирана од Центарот за изведувачки уметности „Мултимедија”, ги презентиравте вашите размислувања за жената и нејзиното учество во светот на економијата. Каде се наоѓа денес женскиот труд во рамките на економскиот систем, во светот и во Македонија. |  |
Јубилеј
Половина век на Римскиот договорЕвропската Унија на 25 март свечено ќе прослави голем јубилеј – 50 години од потпишувањето на Римскиот договор (Треатѕ оф Роме) – документ со кој беше основана Европската економска заедница (ЕЕЦ). Документот на 25 март 1957 година го потпишаа шест држави: Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Холандија и Луксембург (последните три подоцна се здружија во заедница наречена Бенелукс). |  |
Погледи
Чекајте, каде без 8 Март!?Што не е 8 Март? 8 Март не е ден на мајката. Не е ден на сестрата. Не е заостанат социјалистички празник. Точно е дека 8 Март е прогласен за официјален ден на жената на интернационалната конференција на жените одржана од Социјалистичката интернационала во Копенхаген во 1910 година. Точно е дека предлогот го дала германската социјалистка Клара Цеткин. Но, тоа не е одлука донесена тукутака и валидна само за левоориентираните движења/држави. |  |
Мултиетничко здружение на граѓани “Флоренс Најтингеил”, Куманово
Ненасилството, главна активност на здружениетоЗдружението „Флоренс Најтингеил” (Флоренце Нигхтингале) е основано во 2002 година, во Куманово. Неговата мисија е подигање на свеста и дејствување против секој вид насилство преку развивање едукативни и превентивни програми за заштита на правата на граѓаните и за живот без насилство. „Флоренс Најтингеил” е член на женскиот центар Куманово и е активно во спроведувањето заеднички проекти во Центарот, поддржани од „Квина тил квина”. |  |
Хуманитарна акција за подобрување на болничките услови
И на Психијатриската болница “Негорци” & е потребно реновирањеНационалниот совет на жените на Република Македонија – СОЖМ, на почетокот од 2007 година, ја формира неформалната лоби-група „Хумана”, со цел да помогне во собирањето неопходна помош за реновирање на Психијатриската болница во Негорци. |  |
Нова мисија
Миле Стојкоски со инвалидска количка ќе оди до ПекингСe се може кога се сака, вели една стара мудрост на нашите предци, врз која тимот на К15 го реализира ТВ спотот каде Цацко, Миле и Тошо играат кошарка со Миле Стојкоски, и покрај тоа што тој е во инвалидска количка. Народната мудрост ја потврдува и самиот Миле кој сака, може и има неизмерна енергија овој пат да реализира нов подвиг и со инвалидска количка, тргнувајќи од Битола, да стигне до Пекинг. |  |
Избор
Слободата на мажите зависи од целосната родова еднаквост на женитеВо саботата, мојата 14-годишна ќерка, Наоми, и јас се придруживме на мировен марш и митинг во Глазгов, Шкотска, организиран од страна на широка коалиција цркви, синдикати, НВО и социјални движења. Целта на маршот беше да се искаже загриженоста за моменталниот човечки масакр во Ирак и да се протестира против надградувањето на Тридент, британски нуклеарен проектил. |  |
|