Бангладеш

Околу 2.000 семејства добија хуманитарни пакети

Ориз, масло, ќебиња и друго се дистрибуирани до семејствата кои изгубија се кога циклонот „Сидр” го погоди брегот на Бангладеш во средината на ноември

Данската црковна помош и нејзиниот локален партнер Душта шастја кендра (Дусхтха Схастхѕа Кендра) им дистрибуираа хуманитарни пакети на околу 2.000 семејства до крајот на ноември и последните пакети беа дистрибуирани на 3 декември. Дистрибуцијата е концентрирана во областа Багерхат. Хуманитарната помош од Данската црковна помош досега е во вредност од 300.000 дански круни. Помошта е дел од заедничката хуманитарна заложба преку глобално здружување на црквите и поврзаните агенции, Црквите во акција (АЦТ). Секое семејство добива хуманитарни пакети кои содржат храна за две седмици.