Публикации
ИНФОРМАТОР
Националната мрежа на невладини организации за борба против трговијата со луѓе во Р. Македонија, на заинтерсираните им го нуди третиот број на Информатор, во кој се поместени активностите реализирани од почетокот на 2006 година. Информаторот може да се прочита на www.antitaffic-king-partners.org.mk
КОМПАС
Во издание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје е објавено македонското издание на КОМПАС, прирачник за образование на младите луѓе за човековите права, изработен во рамките на Младинската програма за едукација за човековите права на Директоратот за млади и спорт при Советот на Европа. Тој им овозможува на младите луѓе да ги разберат човековите права и да дискутираат за нив.
|