Програми за подобрување на квалитетот на животот на слепите

Да се живее независно е основно човеково право

Оспособеноста на слепите лица за сигурно и независно двиижење е прв предуслов за нивна успешна интеграција во општеството. Доколку не научат самостојно да се ориентираат и движат наоколу, слепите лица остануваат изолирани или зависни од други. На почетокот на деведесеттите години беше основано Хрватското здружение за дресирање кучиња-водичи и за мобилност, единствена невладина и непрофитна организација, која во Хрватска спроведува целокупна програма за ориентација и мобилност на слепите лица, што опфаќа користење на техниката на белиот стап и движење со помош на куче-водич. Со остварување на основното човеково право на независност во движењето, слепите лица добиваат можност да живеат со полна плуќа - можат да се школуваат, да се вработуваат, да се дружат, да патуваат, да создаваат...

Од 2002 година наваму, Здружението успешно ја спроведува програмата за дресирање и доделување рехабилитациско куче (помошник на лицата во инвалидски колички) и тераписки кучиња за деца со проблеми во развојот. Со реализацијата на овие програми за рехабилитација, се остваруваат резултати од големо значење за квалитетот на животот на лицата со хендикеп. Врз основа на тоа, Здружението е примено во Меѓународната федерација на кучиња - водичи (Интернатионал Гуиде Дог Федератион), како и во Асистанс дог Европа (Ассистанце Дог Еуропе), која за своите членки пропишува високи професионални стандарди и критериуми во спроведувањето на програмите.

Зајакнувањето и рамноправноста се основни принципи на соработка на заедницата со своите корисници, што се гледа во јасните взаемни очекувања, формализирани во договори за користење куче-водич, како и тераписко и рехабилитациско куче. Од корисниците се очекува одговорност со цел да се подобри нивната подвижност, како и грижа за кучето, во што заедницата обезбедува можности за учење, вклучително работилници за вештини на комуницирање и човекови права, но и силна поддршка во тешките моменти.

Со остварувањето на првата од поставените цели - независност и квалитет на животот на слепите и другите лица со хендикеп, истовремено се сменија и ставовите на хендикепираните лица во поглед на нивните сопствени можности, како и ставовите на општеството во поглед на нивните права и потреби. Нашите едукативно-промотивни програми за јавност покажуваат особени резултати во општеството, кои благодарение на спонзорите и на донаторите и со собирањето средства, имаат подеднакво важна цел: сензибилизација на јавноста за правата и потребите на слепите и другите лица со хендикеп.

Во изминатите 15 години прераснавме од мало непознато здружение, за чие формирање се спротивставуваа голем број предрасуди, до препознатлива организација којашто заедно со Владата на Република Хрватска и градот Загреб го гради првиот рехабилитациски Центар од областа на ориентација и мобилност на слепите во овој дел на Европа (инвестиција вредна 1,5 милиони евра).  Во овој период, Здружението годишно школува до 10 кучиња-водичи, 5 тераписки кучиња и 3 рехабилитациски кучиња. Ваквата динамика не овозможува задоволување на потребите од овие работни кучиња во Хрватска, бидејќи на листата на чекање за кучиња-водичи на слепите постојано има над 70 лица. Годишниот обем на работата во идниот Центар за кучиња-водичи и мобилност ќе се зголеми најмалку двојно во поглед на сегашните можности.

Својот личен дел во изградбата на Центарот (500.000 евра) задругата го собира преку доброволната кампања “Без куче-водич сите улици се слепи”, која е с$ уште во тек, а е насочена кон граѓанското општество и бизнис-субјектите во Република Хрватска. Кампањата има две подеднакво важни цели - првата цел е собирање на неопходните средства за изградба на Центарот, а втората е едукативно-промотивна цел за сензибилизирање на јавноста за специфичните потреби и права на лицата со хендикеп, не заборавајќи ја и нивната голема желба рамноправно да бидат вклучени во заедницата. Во 2004/05 година - прогласена за европска година на општествената одговорност, значителна организациска, стручна и финансиска поддршка на Здружението му понуди Загребска банка како партнер на акцијата, што во овие тешки економски услови во земјата претставува исклучително добар почеток. Здружението го очекува голем и исцрпувачки проект, бидејќи е финансирано само со 30% од страна на државната и локалнатата управа, а речиси 70% зависи од спонзорства и донации.   

Можеме да заклучиме дека главната причина за многуте препознатливи успеси на Здружението - како на пример големото присуство во медиумите, потпишувањето партнерски договори и договори за спонзорство, организацијата на содржински богати едукативно-промотивни настани, како и професионалното усовршување на инструкторите во водечки центри во странство, лежи во разгранетата и трајна мрежа на кооперативни односи коишто ги преминуваат границите на различните потсектори во граѓанското општество, како и во државниот сектор.