Боите на виножитото

Меѓуетничките односи – императив за работа

Балканското здружение, Сојузот на албанската жена – огра­нок Битола и Хрватско-маке­донското здружение за пријателство и соработка овие денови почнаа да го спроведуваат мултиетничкиот проект “Боите на виножитото”, кој произлегува од стре­межот на повеќе граѓански организации кон подобрување и ста­билизација на ме­­ѓу­­­етничките од­носи во Би­то­ла, осо­бено по 2001 го­ди­на.

Во рамките на прое­ктот ќе се организираат рабо­тилници кои ќе се реали­зираат преку пет семинари  со млади битолчани на возраст од 14 до 15 години од сите националности што живеат во градот. Темите на семинарите главно ги опфаќаат културните карак­теристики, традицијата, религијата, комуни­ка­цијата и решавањето на конфликтните ситуации, а на нив ќе предаваат експерти од различни области: педагози, етнолози и активисти од гра­ѓанскиот сектор. Првата предвидена тема е од општ карактер и ја опфаќа маке­донската култура.

Проектот е финансиран од Фон­да­цијата Институт отворено оп­штество Маке­донија (ФИООМ), во рамките на про­грамата за уна­предување на меѓу­етнич­ки­те односи во земјава.

                                Г.Ш.