“ШТИПСКИ” СЛУЧАЈ
На ден 07.02.2003 година, во Штип се случи еден немил настан, кој ја потресе целата македонска јавност. Имено, мајката Ш.Ј. (20) годишна возраст јавно изјави дека го претепала, речиси до смрт, своето двегодишно девојче. Детето, во тешка коматозна состојба, е примено како итен случај на Клиничкиот центар во Скопје. Здравствената состојба на детето и понатаму е многу тешка и лекарите вложуваат максимални напори за да го спасат детето.
Неколку денови по објавувањето на настанот во медиумите, истражниот судија при Основниот суд во Штип изрече мерка притвор за мајката на детето. Но, при првиот распит, истражниот судија го укинал притворот бидејќи таа била бремена (осми месец). Веднаш потоа во притвор е ставен очувот на детето Орхан Демиров, обвинет за насилството врз девојчето.
Во моментот настанот не е расчистен и се уште се трага по вистината. Случајот е мошне комплексен и сложен од социолошки, психолошки, медицински и од хуманистички аспект. Во функција на расветлување на овој случај и негова соодветна правна обработка Здружението за правата на Ромите - Штип го ангажираше својот адвокат.
Истражната постапка е во тек.
Информацијата ја подготвиле: Шенај Османов, Здружение за правата на Ромите - Штип Енисе Демирова, „Черења“ - Штип
|
|