ФОРУМ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО: Движење на екологистите на Македонија
Тема: Јаловиштата во Македонија - ризик за животна средина
Категорија: Панел Датум: 20.11 Час: 16:00 – 17:30 Сала: Б
Воведничари: проф. Марин Александров, Рударски факултет - Штип, Драги Стаменковски, Еколошко друштво „Здравец“ – Македонска Каменица, Константин Сидеровски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Претседавач: Даниела Стојанова, Движење на екологистите на Македонија
Краток опис на темата: Проблемот со јаловиштата е присутен во јавноста од поодамна, и покрај преземените чекори од најразлични причини за жал се уште е актуелен. Јаловиштата на Тораница, Саса и Бучим може да се оценат како места од највисок ризик по животот на луѓето, но и за животната средина и природа. Податоци има, мерки се предлагале и се предлагаат, меѓутоа спроведувањето изостанува…
|