ФИООМ
Веб-страница “Живо наследство”
Ако кликнете на њњњ.зивонаследство.орг.мк, ќе се запознаете со 23 проекти кои имаат за цел да го афирмираат и одржливо да го искористат културното и природното наследтво на Република Македонија. Оваа веб-страница е поставена неодамна на интернет, а на неа е претставена програмата “Живо наследство” која во Македонија ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија. На веб-страницата се опишани проектите, локациите каде се спроведуваат, а дадени се и корисни информации како да се стигне до таму, каде да се преноќи, што да се види во околината...
ГО МАЦЕДОНИА
Веб-страница за алтернативен туризам
Веб-страницата њњњ.гомацедониа.цом е првата македонска страница која нуди понуда на алтернативен туризам. Преку оваа страница, може да се резервираат еднодневни или повеќедневни тури по македонските манастири, селски населби, планини, природни локалитети… Се нудат дури и тури за градење тим. Турите ги организира истоимената агенција, која е единствена специјализирана агенција исклучиво за таканаречениот алтернативен туризам во Македонија.
Црвен крст
“Солидарен мост”
Црвен крст на Скопје, одбележувајќи го својот јубилеј - 60 години од формирањето, за првпат годинава издаде свој весник насловен “Солидарен мост”. Гласилото го изработија членовите на информативната комисија, во која членуваат новинари на месечниот весник “Ентер”, дневниот весник “Утрински весник”, новинар од албанската редакција на МРТВ и активисти и вработени во Црвениот крст на Скопје. Весникот ќе излегува два пати годишно, на македонски и на албански јазик. Во него ќе бидат обработувани теми и информации, врзани за активностите на градскиот Црвен крст.
Здружение на независните писатели
Наше писмо
Здружението на независните писатели на Македонија ја издава новата верзија на своето списание со налов “Наше писмо”. Тоа излегува периодично, а има нов формат и нова концепција. Уредници на списанието се Елизабета Шелва и Богомил Ѓузел.
|