Фестивалот “Неограничен мир”

Звукот на градот без пиштоли

Шестото издание на фестива­лот “Неограничен мир” (Пеаце Унлимитед Фестивал) беше отворено на 25 октомври со настапот на групата Сетстат (Сетхстат). Организаторот, НВО Ци­вил, годинава одлучи годи­неш­но­то мото  да биде “Звукот на гра­дот без пиш­то­ли”, слоган кој во себе ги обединува музич­ки­те и културните фес­ти­валски настани, меѓу кои и концертот на “Архангел” на 29 октомври на Скопскиот саем. Во рамките на Фестивалот беа одр­жа­ни три работилници: литературна, умет­ничка и ликовна, под за­ед­нич­ки наслов “Уметноста против оружјето”, на кои со интерактивна настава учествуваа средношколци од трета и четврта годи­на од “Раде Јовчев­ски-Корчагин”, ГУЦ “Здравко Цвет­ковски”, “Зеф Љуш Марку” и “Арсенија Јовков”, а нивните резултати ќе би­дат презентирани в недела на завршницата на манифестацијата.

Во периодот од 25 до 30 октом­ври настапија Поган паган, Де­ни Те Чу­ва (Деннѕ Те Цхува), Ту сајдс (Тњо Сидес), Д.Н.О, Фолтин и др., а “Паркети” ја иско­ристија можноста да направат концертна промоција на новиот албум “Тајната на името”. Фес­ти­валот оваа година уследи по организирањето неколку манифестации, и тоа: “Глобалната недела за борба против оружјето” во јуни, “Ме­ѓу­на­род­ниот ден на мирот” на 21 септември и “Месецот на мирот”, кој Ци­вил и Каритас Франција го промовираа во повеќе градо­ви во државава. Фестивалот фи­­нансиски го помогнаа Каритас Франци­ја, Фондацијата Институт отворено општество Ма­ке­донија, Са­фе­­рворлд (Саферњорлд) и други.                

А.Т.