Босна и Херцеговина
Кампања за упис на ромските деца во училиште
Според резултатите од истражувањето „Скратена иднина? 2001-2006”, за правата на ромските деца во Босна и Херцеговина во образованието, што го објави „Спас за децата” (Саве тхе Цхилдрен УК) во 2006 година, во оваа земја с$ уште постои ромска заедница во којашто ниту едно дете не е вклучено во основното образование.
Спрема истото истражување, некои од факторите што придонесуваат за зголемувањето на бројот на запишани деца Роми во училиште е позитивниот став на родителите кон училиштето, запознавање со процедурите на запишување од една страна, како и поддршка на образовните власти, училиштето, како и пошироката општествена заедница, од друга страна.
Врз основа на овие наоди, „Спас за децата”, во рамките на спроведувањето на проектот „Унапредување на пристапот за образование на децата Роми во БиХ”, кој заеднички го финансираат со Европската комисија, покрена едномесечна кампања за запишување на децата Роми во основното училиште во Босна и Херцеговина. На 27 локации од поголемите градови во БиХ се поставени огромни постери со пораките: „Првиот чекор во иднината - училишната клупа: Овозможете ни да бидеме ученици!” и „Училиште за секое дете - секое дете во училиште: Поддржете н$ да го направиме тоа!” Сите пораки се двојазични и се испишани на босански/хрватски/српски и на ромски јазик.
Крајна цел на кампањата е со подигање на свеста за овој проблем кај родителите Роми и заедницата во целина, да се зголеми бројот на децата во училишните клупи во БиХ.
Г.Ш.
|
|