Кој во име на граѓанскиот сектор одговори во прашалникот од ЕУ
Влијанието на поактивни граѓански организации врз општествените текови во Македонија е минимално, ако се спореди со влијанието на политичките партии
Овие денови главната преокупација на гра­ѓа­ни­те на Македонија е дали ќе добиеме покана за влез во Европската Унија или таквата пока­на ќе се одложи за некое подобро време, како што очигледно се случи со поканата за членство во НАТО. Иако одложувањето на поканата за членство во НАТО некои го оправдуваат со фактот дека при­чина може да биде неспремноста на другите „пакет-земји”, односно Хрватска и Албанија, сепак неколкукратните пораки коишто беа испратени до Македонија ука­жуваат на нашата неспремност, односно, меѓу другото, и на ниското ниво на развојот на демократијата во Македонија. Дали за сето тоа причината треба да ја ба­ра­ме и во нискиот ментали­тет на огромен број граѓани за сфа­ќа­њето на демократијата?