Панел: Милениумски развојни цели-Процес на утврдување на националните цели

Организатор:Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС)

Граѓанската платформа – партнер во достигнување на милениумските цели

Милениумската декларација на Обединетите нации потпишана во 2000 година, милениумските цели кои од неа произлегуваат, што како предизвик за реализирање до 2015 година  стојат пред земјите потписнички, воедно и пред Македонија, беше фокусот на интересирање на панелот под наслов “”Македонски развојни цели-Процес на утврдување на националните цели”, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Презентирајќи ги Милениумските развојни цели, толкувани како пат кон одржливоста, еднаквоста и солидарноста Александар Кржaловски, воведничар од МЦМС потсети дека секоја земја потписничка до 2015 година, меѓу кои е и Македонија  е обврзана да работи на достигнување на поставените цели кои се дел од Декларацијата на ОН: искоренување на сиромаштијата и гладта, постигнување на универзално основно образование, промоција на родовата еднаквост и јакнење на жените, намалување на смртноста  кај децата, подобрување на здравјето на мајките (родилки), борба против ХИВ/СИДА , маларија и други болести, одржливост на жчвотната средина и  воспоставување на  глобални партнерства  за развој, Кржaловски  ги потенцираше утврдените сознанија  дека една третина од населението во Македонија живее под линијата на сиромаштијата, дека стапката на сиромаштија е 30,2%  но и дека  сиромаштијата и  нееднаквоста во земјава растат . “”Во текот на минатата декада во Македонија  смртноста  кај децата е значaјно намалена, но  сепак смртноста кај децата во селските средини останува проблем””, се дел од изречените констатации поврзани со  четвртата милениумска цел: намалување на смртноста кај децата,  која до 2015 година според поставените цели на глобално ниво треба да   се намали  за две третини. Говорејќи за седмата милениумска цел,одржливост на зивотната средина каде спаѓа и намалување за половина на бројот на луѓе без одржлив пристап до здрава вода за пиење и  основна санитација, Крaловски информира дека  во реализација на оваа цел, МЦМС досега во Македонија со своите активности  обезбеди водоснабдување  во 250 рурални средини, користејќи еден милион  евра,”Милениумските цели  за развој нудат можност секој граѓанин да  го насочи своето мислење и загриeност за нивна реализација”- посочи Крaловски, повикувајќи ги присутните да му се  придруaт на процесот и да се  информираат на веб страниците  њњњ.ун.орг.мк; њњњ.мцмс.орг.мк; њњњ.граганскисвет.орг.мк; њњњ.фирст8.орг

Во име на Програмата за развој на  на Обединетите  нации (УНДП)  за милениумските цели говореше и воведниaрката Весна Џуетска-Бишева, според која  напредноста и убавината  на  целите е во тоа што тие ги  откриваат актуелните трендови во светот. “Целите помагаат на националноп ниво да се видат огромни дискрепанци, присуство на сиромаштијата во земјите , состојба на населението кое нема вода за пиење  и други услови за живеење. Улогата на УНДП е  да ги белеi  резултатите  во постигнување на милениумските цели , а”сите земји - членки се обврзани да го издадат предвидениот извештај за нив”” – рече Бишева, која потенцираше дека  целите овозмозуваат да се  идентификуваат и диспаритетот и нееднаквоста во светот , помагаат да се  смени правецот на негативните трендови , имаат мобилизаторска моќ, а го имаат и потенцијалот да ги стават прашањата на сиромаштијата , социјалното исклучување и зголемувањето на нееднаквостите  во центарот на дискусиите и политичкото внимание. Бишева информираше и за текот на работата врз македонскиот извештај за чие што изготвување се оформени еден национален комитет, една наменска група на Владата, пет тематски и три наменски работни групи , една работна група за  партнрство за развој и тим за техничка подршка.

“Граѓанската платформа е партнер  во националниот  процес на милениумските цели, а самиот процес на нивно остварување  отвара нови можности  за учество  на граѓанските здружнија во креирањето на политиката”- истакна Весна Џутеска Бишева.