Албанија
Меѓународен филмски фестивал за човековите права
По трет пат годинава во Тирана се одржува Меѓународниот филмски фестивал за човековите права. Филмската академија и мултимедија Маруби, пет дена по ред ќе ги презентираат филмовите кои & припаѓаат на светската кинематографија. За време на фестивалот ќе бидат прикажани 28 документарни и играни филмови (краткометражни и долгометражни) кои доаѓаат од разни делови на светот: Канада, САД, Мексико, Јапонија, Шведска, Палестина, Белорусија, Франција, Шпанија, Англија, Италија, Швајцарија, Германија, Бугарија, Романија и Албанија. Половина од нив се титлувани и на албански јазик. Фестивалот беше отворен со францускиот филм “Револуциите, рачна употреба”.
Г.Ш.
Избор: oneworld |
|