СУНЧИЦА КОСТОВСКА-ПЕТРОВСКА, ПРОЕКТ-МЕНАЏЕР НА ЧЕТИРИТЕ НВО ЦЕНТРИ НА ФИООМ

Центрите се места за размена на искуства, за учење, информирање

Во Велес, Прилеп, Штип и во Кичево работат центри за поддршка на невла­дини организации, во рамките на Проек­тот за поддршка на институци­онал­ниот развој на невладините организации.

Центрите во Велес и Прилеп работат од јануари 2003 година, а во Штип и во Кичево од април 2002 година. Годинава започна нов проект поддржан повторно од Швајцарската агенција за развој и соработка и ФИООМ за поддршка на иницијативите на НВО за развој на локалната заедница. Во ова мини-интер­вју за работата на центри разговараме и со раководителката на проектот, Сунчи­ца Костовска-Петровска:

Какво е искуството од досегашната работа на центрите?
Надвор од Скопје постои голем потен­цијал, постојат многу НВО кои имаат ограничени можности за пристап до обу­ки, информации и донатори. Центрите за поддршка на НВО настојуваат успеш­но да ја надополнат таа празнина меѓу поголемите организации во глав­ниот град и иницијативите во помалите мес­та. Тие обезбедуваат обуки, советувања и консултации, логистичка поддршка - опрема и простории и гран­тови за локал­ните НВО. Во оваа фаза се насочуваме кон поттикнување и под­дршка на иници­јативи за подобрување на условите во локалната заедница, преку лобирање, застапување и граѓан­ски акции на мрежи и коалиции на НВО. Се пот­тик­нува соработката на НВО и партнер­ство­то со локалната самоуправа, институ­циите,  медиумите и бизнис-секторот.

Кој најмногу ги користи и како се проценува ефективноста од нивната работа?
Локалните НВО во нив наоѓаат место за размена на искуства, за работа на проек­ти, за пристап до интернет, факс, фото­копир, за состанување, информи­раат и учење... Доаѓаат и неформални групи граѓани кои се интересираат за работата на НВО и можноста да се вклучат, да побараат некоја услуга или да основаат нова НВО. На обуките и настаните што ги организираат центрите редовно се покануваат претставници од локалните медиуми и локалната само­уп­рава, кои се запознаваат со активностите на НВО и се вклучуваат во нив. Често пати и институциите (училиш­та­та, библи­о­теки­те, заво­дите за социјална заш­тита, подрачните минис­тер­ства, јавните претпри­јатија) се об­раќаат за инфор­ма­ции, контакт со НВО и редовно се отпови­куваат на по­кани­те за учество во активностите на центрите и НВО. Ефек­тивноста од рабо­та­та на центрите се мери преку  посете­носта и барањето услуги, како и преку прашал­ници за оценување на секоја обука. Комплетната проценка на рабо­тата на центрите се врши еднаш годиш­но преку прашалници коишто ги пополну­ваат корисниците и СВОТ (СЊОТ)-анализа којашто исто така ја пра­ват НВО. Тоа овозможува на најсоод­ве­тен начин да се одговори на потребите.

Каде сметате дека ќе се спојат “новите” и “старите” центри?
„Новите” и „старите” се спојуваат уште со идејатата за формирање нови цен­три. Невладините организации од многу градови низ Македонија ни се обраќаа со барање кај нив да се отворат вакви центри. ЕАР ги посети “старите” центри и ја согледа нивната корисност и потребата да се отворат нови, особено во помалку развиените градови. Органи­зираме контакти меѓу вработените во сите центри со цел да се разменат искуствата и за натамошно заедничко надградување, заеднички обуки и средби на координаторите, како и заеднички настани за НВО од различни центри. На пример, НВО од Кичево и од Делчево имаат малку можности да се сретнат и да соработуваат. Центрите треба да го обезбедат тоа премостување и да овозможат вмрежување и ини­цирање заеднички акции на НВО не само н­а локално, туку и на регионално и национално ниво. Заедничките напори за развој на локалните заедници, како на НВО, така и на локалните власти, медиуми и бизнис-секторот ќе ги потпомогнат и процесите на децентра­лизација во земјава.

М.И.