МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И ЕАР

Национален план за вработување

Министерството за труд на Република Македонија започна со реализација на проект, поддржан од Европската агенција за реконструкција, чија крајна цел е развивање Национален акционен план за вработување. Овој документ ќе биде усогласен со стандардите на ЕУ, а ќе биде придонес за развојот и утврдувањето на државната стретешка политика за вработување на граѓаните на Македонија.

Со поддршката што ја дава Европската агенција за реконструкција, во висина од 2,5 милиони евра, треба да бидат покриени неколку линии: техничка помош, обука, полот проекти и опремување. Проектот, исто така, опфаќа отворење  30 регионални канцеларии за вработување, кои ќе бидат опремени со современа техничка опрема и чиј персонал ќе добие соодветна обука, со цел да даваат ефективни услуги на лицата кои бараат работа. Овие канцеларии имаат за цел и да промовираат техники за подобро информирање и барање на слободни работни места.

М.И.