НАСТАНИ

 КУЛТУРА

ОД 9 ЈУНИ ДО 9 СЕПТЕМВРИ 

New age & World music festival

Од деветти јуни до деветти септември годинава, во Македонија се одржува „New age & World music festival”, манифестација која има за цел да ги истакне различните култури кои егзистираат на заеднички простор, но и различните културни традиции од целиот свет.


Овој мултимедијален настан ќе го опфати New age фестивалот на светската музика, чија увертира беше одржаниот концерт на светскиот музичар гаспаријан во Скопје. Музичкиот фестивал ќе започне во Скопје и ќе патува низ други градови на Македонија, а на него ќе учествуваат музичари од повеќе држави. Со музичарите, ќе патуваат и арт-видеата, како и изложбите и работилниците. Паралелно, ќе бидат изложувани и ракотвотби од различни држави, во соработка со нивните амбасади во нашата земја. Во неколку градови, ќе бидат претставени старите македонски занаети, на Саемот на стари занаети. Исто така, ќе се организира и патувачка изложба на прилози за архитектонски дела од историјата на старата македонска архитектура, како и современите трендови.
Дел од средствата од фестивалот се наменети за Домот за деца без родители „11 Октомври” во Скопје, во координација со УНИЦЕФ. Реализатор на медиумското претставување на фестивалот е „Престиж” од Скопје, а партнери на проектот се Друштвото за заштита на животните „Срна”, Министерството за култура, еколошкото друштво „Дојранско Езеро”, Францускиот културен центар, Собранието на град Скопје, УНИЦЕФ, УНХЦР, Британскиот културен центар, Амбасадата на САД, „Еуро-линија” и „Акцент Медиа”. Фестивалот ќе се организира во тесна соработка со локалната самоуправа во Македонија.
М.И.