календар

1 декември

Ден за борба против СИДА

Светскиот ден за борба против сидата го одбележија многу организации во светот, промовирајќи ја, преку веќе препознатливата црвена лента, заштитата како најефикасно средство за заштита против ова опасно заболување. Превентивата с$ уште е најсилната опција во таа борба, с$ додека истражувањата не го пронајдат лекот.

3 декември

Лицата со посебни потреби
се дел од нас

Светскиот ден посветен на лицата со посебни потреби има цел да ја поттикне нивната што посеопфатна инклузија во општественото живеење. Лицата со посебни потреби се дел од нас, а кога станува збор за „хендикеп”, тој може да се однесува само на нашата способност да го прифатиме тоа. 

10 декември

“За” за човековите права

Меѓународниот ден посветен на човековите права треба да н$ потсети дека битката за еднаквост во светот не е исвојувана. Човековите права се нарушени во различни држави, на различни начини. Задача на демократските општества е да помогнат во остварувањето на овие права за сите луѓа, во целиот свет

29 декември

Биодиверзитетот осиромашува

Кон крајот на секоја календарска година се потсетуваме дека биолошката разновидност на нашата планета се намалува. За жал, секоја година констатираме дека трендот е с$ полош и полош. Биодиверзитетот осиромашува како резултат на нашите активности, а наша должност е тоа да го спречиме, заради идните генерации.