коментар

Дали граѓанскиот сектор во Македонија може да изумре???

Веќе неколку години наназад меѓу граѓанските организации се поставуваше прашањето што ќе се случи кога странските донации ќе се „исушат”, како главен извор на приходи? Дали ќе се најдат алтернативни решенија за нивна замена? Дали тоа значи дека ќе престанат со работа многу граѓански организации? Што ќе се случи со граѓанскиот сектор во Македонија? Ова и многу други битни прашања се поставуваат с$ почесто.

Потврда за падот на трендот на приходи кај граѓанските организации се и податоците објавени во годишните извештаи на водечките организации во Македонија. Оп­штиот пад на трендот е дури 23% споредбено со периодот 2003-2005 година. Еве, колку за илустрација: АДИ од Гостивар во 2005 г. оствари приходи 18 милиони денари, додека 16 милиони во 2004 г.; ДЕМ 2 милиони во 2005 г., а 1,5 милиони во 2004 г.; ОХО 6 милиони во 2005 г., додека 11 милиони во 2004 г.; Полио плус 13 милиони во 2005 г., за разлика од 2004 г. кога оствари 11 милиони; ПДАС Меѓаши 7,5 милиони во 2005 г., а 11 милиони во претходната година; СОЖМ 12 милиони во 2005 г., додека  14 милиони во 2004 г.; ЦГИ од Прилеп 15 милиони  во 2005 г., а 21 милион во 2004 г.; ФИООМ 301 милион во 2005 г., а 360 милиони во 2004 г.; МРФП 67 милиони во 2005 г., за разлика 220 милиони во 2004 г. и МЦМС 134 милиони во 2005 г., а 150 милиони во 2004 г..

А што со организациите коишто можеби имаат и стопати помали приходи? Особено за организациите од внатреш­носта на земјата. Како тие ќе преживуваат?  Многу тешко. С$ повеќе ќе треба да се свртиме кон домашните извори.  Дали ќе е тоа државен или приватен сектор? Како е можна соработката со општините? Тука уште нешто треба да спомнеме, дека на фондовите од ЕУ достапни за Македонија, како партнер, с$ повеќе се појавува Владата на РМ, па потоа таа ќе бира дали сама или во партнерство со граѓански организации ќе спроведува програми или проекти. А, каква е соработката со приватниот сектор? Тука не можеме многу да се пофалиме. Треба уште многу да се поработи на тоа.

Само да се надеваме дека решенија ќе се изнајдат. Но, чекањето ништо не носи. Потребна е акција. И тоа во целиот сектор. Треба да се изнајдат разни извори за да се помине оваа општа криза, која не го погодува само третиот сектор, туку и целото општество.

Па затоа и го поставувам ова прашање, на кое ќе треба сите да одговориме: Дали граѓанскиот сектор во Македонија може да изумре???

Грамоз Шабани