Хрватска

Институтот Оворено општество Хрватска престана со работа

По четиринаесет години во Хрватска престана да дејствува Институтот Отворено општество. Фондацијата Институт Отворено општество - Хрватска е основана во 1992 година како поддршка на демократскиот развој на хрватското општество. Почетната фаза во текот на работењето била посветена на хуманитарната помош на земјата во војната, а со повеќе од 55 милиони американски долари поддржала бројни иницијативи во полето на образованието, уметноста, културата, јавното здравство, правото и економијата и придонесе многу во создавањето и развојот на граѓанското општество во Хрватска.

По 14 години поддршка на демократизацијата, а во контекст на приближување на Хрватска кон ЕУ, во Институтот се уверени дека капацитетите на граѓанското општество во земјата  го достигнале нивото на самоодржливост, потребно за функционирање на европските демократски стандарди.