ФИООМ

Веб-страница “Живо наследство”

Ако кликнете на њњњ.зивонаследство.орг.мк, ќе се запознаете со 23 проекти кои имаат за цел да го афирмираат и одржливо да го искористат културното и природното наследство на Република Македонија. Оваа веб-страница е поставена неодамна на интернет, а на неа е претставена програмата “Живо наследство” која во Македонија ја спроведуваат Фондацијата Институт отворено општество – Маке­донија и Фондацијата Крал Бо­дуен од Белгија. На веб-страницата се опи­шани проектите, локациите ка­де се спроведуваат, а дадени се и ко­рис­ни информации како да се стигне до таму, каде да се преноќи, што да се види во околината...


Регионален пчеларски сојуз “Матица” – Штип

Планирање, организација и економика во пчеларското производство

Прирачникот “Планирање, организација и економика во пчеларското производство” е многу корисен за сите оние кои непосредно се занимаваат со пчеларско производство, а и за другите пчелари. Прирачникот се осврнува на граѓаните кои се занимаваат со пчеларство да размислуваат и да работат како претприемачи со своите фарми, заради согледување и добивање јасна слика за профитабилноста на оваа земјоделска гранка која, споредена со другите, бара помалку во почетните вложувања, а дава повеќе во приносите и профи­тот, согледување на потребата од стандардизирано и квалитетно производство, осовременување и про­ши­ру­вање на постојните производни ка­па­ци­тети преку бизнис-планови и програми итн.

Публикацијата ја издаде Регио­налниот пчеларски сојуз “Матица” од Штип, со финансиска поддршка на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП).