Светски совет на црквите
Изјава на Извршниот комитет за Иран за нуклеарната пролиферација
Во признавањето на правото на Иран за нуклеарна технологија и материјал за мирољубиви цели меѓународната заедница треба да воспостави средство со коешто ќе му обезбеди одговорен пристап на Иран до гориво за нуклеарните реактори за генерирање енергија. Понатаму, бараме од меѓународната заедница да започне моментална и постојана меѓународна контрола на протокот на нуклеарно гориво во линија со генералните насоки предложени од страна на генералниот директор на ИАЕА, банка за гориво која ќе обезбедува гориво за цивилните реактори, освен ако не е наредено поинаку од страна на Советот за безбедност.
Згора на тоа, одлуката за тековната иранска нуклеарна контроверзија треба да вклучува обврски и механизми за започнување на решавањето на поголеми безбедносни прашања, посветување внимание на безбедносните потреби на Иран, чекори кон нормализирање на односите со САД и со други држави, особено со соседите, практични чекори кон остварување на меѓународно признаената цел за создавање зона ослободена од нуклеарно оружје - Средниот Исток, прифаќање и признавање на Израел од страна на Иран во границите од 1967 година и поддршка на Иран во напорите на меѓународната заедница да стави крај на насилството врз невооружени и невини цивили поради политички или религиозни цели.
Во своето барање Иран да го почитува интегритетот на сите земји и да се врати на целосно почитување на обврските кон ИАЕА, Светскиот совет на црквите има предвид дека и другите земји исто така сериозно ги нарушуваат своите земји за непролиферација и нуклеарно разоружување. Петте земји коишто го имаат потпишано НПТ и коишто поседуваат нуклеарно оружје, с$ уште не ги спровеле 13-те практични чекори за разоружување договорени на Конференцијата за преглед на НПТ во 2000 година, особено нивното „недвосмислено залагање… за целосно уништување на нивниот нуклеарен арсенал што би довело до нуклеарно разоружување, нешто на коешто според членот ВИ се обврзуваат сите земји”. Индија, Израел и Пакистан остануваат надвор од договорот, додека Демократска Република Кореја се повлече од него.
Извршен комитет на Светскиот ковет на црквите, средба во Базел, Швајцарија, 16-19 мај 2006 година:
1 Ја советува Владата на Иран целосно да ги почитува директивите и барањата на ИАЕА и Советот за безбедност, како и да соработува со нив.
2 Го поздравува консистентното откажување од страна на Иран од каква и да е намера да го зголеми со оружје својот нуклеарен капацитет и од него бара да ги преземе сите мерки и чекори неопходни за уверување на меѓународната заедница дека постапува во согласност со своето ветување.
3 Апелира до САД уште еднаш да го потврдат своето целосно придржување кон ветувањето од 1995 година, потврдено со Резолуцијата 984 на Советот за безбедност, никогаш да не користи ниту да се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје против земја потписничка на НПТ, според јасните услови на ветувањето.
4 Ја замолува меѓународната заедница, а особено членовите на Советот за безбедност при ОН, да ја разрешат контроверзијата во врска со нуклеарната програма на Иран со помош на мултилатерални дипломатски средства, наедно и со зајакнување на капацитетот за инспекција на АЕА.
5 Го повторуваме нашето барање упатено до петте земји коишто поседуваат нуклеарно оружје и се потписнички на НПТ да ги забрзаат своите напори за неповратно намалување и во крајна линија уништување на нивниот нуклеарен арсенал, како што е наложено во членот ВИ од Договорот, да се воздржат од сите истражувања и експерименти поврзани со усовршување нови типови нуклеарно оружје.
6 Бараме од Идија, од Израел и од Пакистан - трите земји коишто се с$ уште надвор од НПТ, да обрнат внимание на постојаните барања од страна на меѓународната заедница да се приклучат кон Договорот за нуклеарна непролиферација (НПТ) како земји коишто не користат нуклеарно оружје, како што се нагласува во Резолуцијата на Генералното собрание на ОН од 2005 година (А/Ц.1/60/Л/4) „веднаш и безусловно”. Наедно, бараме и Демократска Република Кореја повторно да се приклучи кон Договорот како земја којашто потврдува дека не користи нуклеарно оружје.
|
|