Урнеци

Според Законот за здруженија на граѓани и фондации, Здружение на граѓани можат да формираат најмалку пет полнолетни лица. За основање Здружение на граѓани е потребно да се свика основачко собрание на кое се усвојуваат следните акти: Статут на здружение; Одлука за формирање здружение, Одлука за избор на органи на здружението и Записник од основачко собрание.

За формирање на Сојуз на здруженија на граѓани, потребно е исто така да се свика основачко собрание, на кое ќе бидат усвоени: Статут на сојуз; Одлука за формирање сојуз, Одлука за избор на органи на сојуз и Записник од основачко собрание.

Според истиот закон, за формирање фондација е потребно да се свика основачко собрание, на кое ќе се усвојат: Статут на фондацијата; Одлука за основање на фондација; Одлука за усвојување на статутот и Записник од основачко собрание.
 

 Статут на здружение
 
 Статут на сојуз
 
 Статут на фондацијата
 
 Одлука за формирање здружение, Одлука за избор на органи на здружението и Записник од основачко собрание, Одлука за формирање сојуз, Одлука за избор на органи на0 сојуз и Записник од основачко собрание, Одлука за основање на фондација, Одлука за усвојување на статутот и Записник од основачко собрание.