ОрнитолоШки резерват “Езерани”

Куќичка за набљудување на птиците 

Друштвото за проучување и заштита на птиците на Македонија (ДПЗПМ),  во рамките на проектот “Инфраструктура на резерватот Езерани на Преспанското Езеро”, во заштитениот простор уреди куќичка за набљудување на птиците  Покрај куќичката е тампониран главниот пат низ резер­ватот, изработени се патокази од Битола, Ресен и од околните места и поставени се четири влезни капии и една инфорамативна табла на самиот влез во Инфоцентарот во с. Асамати. Поставени се и бетонски собирни цевки коишто ја пренесуваат водата во пролетните месеци под патот, со цел да се избегне запоставување на самиот главен пристап низ Резерватот. Куќичката за набљудување на птиците е направена по пример на иста таква поставена во резерват во Валенсија, Шпанија.

“Во Европа не постои орнитолошки резерват без куќички за набљудување на птиците, а таков до вчера беше нашиот Езерани. Куќичката за набљу­дување на птиците е место од коешто се набљу­дуваат птиците, без да се вознемират”,  изјави Бранко Мицевски, претседател на ДПЗПМ и професор на Природно-математикиот факултет во Скопје. Со проектот  Езерани прераснува во одлично место за едукативни посети, при што посетителите ќе можат да ја почувствуваат убавината на природата, односно животинскиот свет за којшто во Македонија малку се знае. Проектот е поддржан од Норвешката амбасада во Македонија.

                                                
Д. М.