ЕКЕ
Фестивал на влашката култура во Маловишта На десетти август годинава, битолското село Маловишта беше домаќин на меѓународниот “Етно фестивал Маловишта 2003”, кој претставува веќе традиционална смотра на влашката култура и традиција. Фестивалот го организира Здружението за оддржлив развој на Маловишта и потпелистерските села ЕКЕ од Битола, во соработка со Месната заедница и Црковниот одбор од Маловишта и Комуната на Власите “Браќа Манаки” од Битола.
Овој мошне интересен настан се одржа под покровителство на градоначалниците на општина Цапари, г. Јордан Станиновски и на Битола, г. Златко Вршковски, а на него учествуваа културно-уметнички друштва од Македонија, Романија, Грција, Бугарија, Албанија и Србија, како и неколку уметници од Македонија. Во рамките на фестивалот беше отворена и изложбата “Маловишта, традиција што трае” како дел од друг проект на здружението ЕКЕ, во рамките на програмата “Живо наследство” на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата Крал Бодуен – Белгија.
М.И.
|